Јаневска

СДСМ: Новата концепција за гимназиско образование ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката Јаневска

Соопштение за јавност на СДСМ

Предложената Концепција за гимназиско образование од страна на Министерката Весна Јаневска предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност.

Ова уште еднаш ја покажа целата неспособност на министерката Јаневска која рече дека децата може да учат англиски од серии и дека не им се потребни учебници.

Очигледно Јаневска нема капацитет да го води овој толку значаен ресор.

Оваа концепција, која се турка без доволна консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката мисла и намалување на квалитетот на образованието.

Како одговорна политичка партија, СДСМ повикува на итно организирање на Јавна дебата со сите засегнати страни за да се обезбеди квалитетен и модерен образовен систем кој ќе одговара на потребите на учениците и наставниците.

Јавна дебата не е поставување на Концепцијата на веб-страницата на БРО. Несериозно е да се прават сериозни реформи без јавна дебата, од таа причина оваа Концепција ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката.

Неопходно е министерката Јаневска да преземе одговорност и да ја повлече предложената реформа, каде меѓу другото се укинуваат предмети кои се основата на гимназиското образование. Без предметите филозофија, етика, логика, социологија, педагогија и други, се урнисува основата на гимназиското образование.

Апелираме до министерката Јаневска да се вразуми, да ја повлече штетната Концепција и да ги слушне реакциите на стручната јавност. Да се организира јавна дебата каде ќе се вклучат сите релевантни страни во отворена и аргументирана дебата со цел креирање на реформи во интерес на граѓаните и идните генерации.

Прочитајте повеќе

Прес-конференција на Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп

СДСМ Прилеп: Владата на СДСМ обезбеди средства за вработување на 79 лица во болницата, ДПМНЕ ја стопираше постапката

Прес-конференција на Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп Изјавата на надлежните од прилепската …