Сдсм знаме

СДСМ: Новите мерки се неопходни за колективна заштита на здравјето, Мицкоски да престане да поткопува и да повика на вакцинација

Соопштение за јавност

Растот на новозаразени случаи од ковид вирусот повикува на одговорност и разум од секој поединец, од целото општество.

Од исклучителна важност е што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период и да не наседнуваат на лажни информации.

Вакцините се најефикасната алатка за справување со пандемијата и докажано штитат од тешки форми на болеста „Ковид-19“.

Апелираме до сите граѓани, кои досега не се имунизирале да го сторат тоа побрзо. Да се упатат до најблискиот вакцинален пункт и да го најдобриот можен чекор за да го заштитат своето и јавното здравје.

Теориите на заговор и дезинформациските кампањи кои ги пласираат разни центри, кои ги одвраќаат луѓето од имунизацијата и создаваат недоверба кон науката и медицината се на штета на граѓаните.

Затоа, да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во оваа борба која е заедничка за целиот свет.

Пред да дозволиме дополнително влошување на состојбата, мора да стапат на сила новите рестриктивни мерки. Во исто време, сите граѓани треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Новите мерки се донесени исклучиво во насока на заштита на јавното и колективното здравје кои се наш приоритет.

Нивната цел не е да го „делат народот“ како што неодговорно вели Христијан Мицкоски, туку се неопходни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем.

Мицкоски останува политички и здравствен пироман се додека седи настрана, се додека го гледаме во кафани и теретани и ја игнорира маката на народот.

Наместо да го поткопува здравствениот систем, Мицкоски треба да излезе и да ги повика граѓаните да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …