СДСМ лого

СДСМ: Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје.

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.

ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците а граѓаните живеат во страв.

Прочитајте повеќе

Со часовници од 60.000 евра, Мицкоски не може да разбере што е синдикална кошничка за достоинствен живот

Со часовници од 60.000 евра, Мицкоски не може да разбере што е синдикална кошничка за достоинствен живот

Соопштение за јавност на СДСМ Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума …