СДСМ од Куманово: Имаме кандидат и концепт поздравени од светот, да си ја дозавршиме работата, Заедно Напред

СДСМ од Куманово: Имаме кандидат и концепт поздравени од светот, да си ја дозавршиме работата, Заедно Напред

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината со граѓаните во Куманово побараа масовна поддршка за Пендаровски, за земјата да продолжи да се развива и за добар живот за сите граѓани, а засекогаш да се заврши со режимот на Груевски, што преку Гордана Силјановска сака да се врати на власт, за лични интереси.

Претседателскиот кандидат, Пендаровски, рече дека земјава конечно ќе добие претседател кој ќе се раководи од интересите на граѓаните, а не како досегашниот кој молчеше, штити партиски интереси и блокира.

-Големо мнозинство од народот знае кој ја носи земјава во ЕУ, а кој ја враќа назад. На овие избори гласаме за политики за во Европа или во балканска кал. Одиме кон Европа, ставаме печат, Груевски никогаш повеќе да не се врати, на власт, туку на отслужување на затворската казна, порача претседателскиот кандидат Пендаровски.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски побара поддршка за политиките што водат напред, а ги водат премиерот Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски.

-Имаме човек кој обединува и има јасна визија каде да ја води државата. Куманово кое е државава во мало ќе испрати порака дека сакаме вистински претседател. Од овде порачувам, криминалци и бандити никогаш повеќе на власт, рече вицепремиерот и министер Спасовски, кој повика да се поддржат развојните политиките за напредна Република Северна Македонија.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, побара одговорни одлуки од граѓаните и на масовна излезност и поддршка на Стево Пендаровски и на концептот Напред поддржан и од светот.

-Од тројката на М, Меркел, Макрон и Могерини ја имаме поддршката. Тие се големи пријатели на нашата земја. И те како ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, затоа што одржавме европски лекции, покажавме европски манири, не калкулиравме со рејтинзи, направивме ‘се за државата. Од ’91.година до денес сите ветуваа НАТО и ЕУ, со причина, зашто само така има економски прогрес, задржување на младите, работни места. Имаме наше парче грутка земја, признаена од сите, сите со полна уста зборуваат за нас, признаен е од цел свет и нашиот мнозински Македонски народ и јазик, за што се бореле нашите татковци и дедовци. Имаме вистински човек и вистински концепт, цел свет го поздравува. Да ја дозавршиме работата, да си ја исполниме одговорноста кон децата, државата, идните генерации, да го избереме со голема поддршка Стево Пендаровски и да продолжиме Напред, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев од Куманово.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …