СДСМ: Одлуката за евентуални предвремени парламентарни избори ќе ја донесеме во текот на следната недела

СДСМ: Одлуката за евентуални предвремени парламентарни избори ќе ја донесеме во текот на следната недела

Централниот Одбор на СДСМ, синоќа донесе одлука да ја започне процедурата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, која ке заврши и ќе се комплетира со Конгресот којшто ќе се одржи на 03.03.2019. Исто така, Централниот Одбор на партијата донесе одлука за започнување на постапка за избор на кандидати за градоначалници за општините Дебар, Охрид и Ново Село.

Централниот Одбор на СДСМ го овласти највисокото раководство на партијата, во текот на следната недела да ја донесе и одлуката дали заедно со претседателските избори ќе се организираат и предвремени парламентарни избори.

На синоќешната седница, Дане Талески беше именуван за секретар за меѓународна соработка.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …