СДСМ: Охрид се уништува заради партиските и бизнис-интереси на министерот Љутков и ДПМНЕ

СДСМ: Охрид се уништува заради партиските и бизнис-интереси на министерот Љутков и ДПМНЕ

Соопштение за јавност на Комисијата за култура на СДСМ

Изјавите на министерот за култура Зоран Љутков во емисијата „Трилинг“ се целосна лага, свесна манипулација и класичен пример за бегање од одговорност.

Наместо да одговори на сериозните прашања за урбанистичкиот хаос и за уништувањето на заштитените подрачја околу Охридското Езеро, министерот демонстрира ароганција, незнаење и политичка сервилност.

Тврдењето дека „за Министерството сè е завршено“ е скандалозно признание дека државата кренала раце од Охрид. И покрај јасните ревизорски извештаи, предупредувањата од УНЕСКО и очигледните незаконски градби, Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура не постапуваат. Закони има, но важат само за граѓаните, а не и за блиските до ДПМНЕ.

Дополнително, изгледа дека министерот Љутков не си ја знае ниту сопствената улога како претседател на Националната комисија на УНЕСКО. Тоа не е протоколарна функција за сликање и празни фрази, туку позиција што подразбира активна комуникација, иницијативи, алармирање и конкретни мерки за заштита на светското културно и природно наследство. Наместо да ги користи сите механизми што му стојат на располагање за заштита на Охрид, министерот избира молк, незаинтересираност и повлекување. Тоа е директно предавство на јавниот интерес и на меѓународните обврски на државата.

Целосно лицемерно е и неговото однесување во однос на Колективниот договор во културата. Од една страна, Љутков јавно го фали договорот и се обидува да се претстави како заштитник на културните работници, а од друга страна, во реалноста Министерството не го почитува. Обврските од Колективниот договор не се спроведуваат, правата на вработените се газат, а културните институции се оставени во правен и финансиски хаос. Ова е уште еден доказ дека зад убавите зборови нема ниту волја ниту одговорност, туку само празен ПР.

Зоран Љутков е целосно изгубен во времето и просторот. Кога ДПМНЕ беше во опозиција, градоначалникот на Охрид беше од нивните редови, дивоградбите и урбанистичкото дивеење беа премолчувани. Денес, кога ДПМНЕ ја има и централната и локалната власт, повторно нема одговорност, туку само изговори и префрлање вина.

Дополнително, апсурдни се и неговите ставови за Преспанскиот договор. Љутков го напаѓа договорот, додека неговиот лидер и премиер, Христијан Мицкоски, јавно го фалеше ко совршено решение во дадените околности. Ова не е политика, ова е политичка амнезија и лицемерие.

СДСМ јасно порачува: уништувањето на Охрид, заштитата на партиските и бизнис-интересите и лажењето на јавноста не се патриотизам, туку криминално неодговорно однесување. Оваа Влада нема кредибилитет, нема капацитет и нема елементарна морална вертикала.

На Зоран Љутков, искрено, подобро ќе му биде да престане да се појавува во јавноста со вакви смешни, конфузни и невистинити изјави. Со секое ново интервју не ја брани Владата, туку дополнително ја разобличува. Македонија заслужува одговорни функционери што го штитат јавниот интерес, а не министри што молчат кога нивни партиски кадри и поранешни функционери ја бетонираат иднината на Охрид.

Прочитајте повеќе

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, започнаа нов бран напади врз Саудиска Арабија и …