Соопштение на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија:

СДСМ го осудува вчерашниот говор на омраза, ксенофобија и навреди јавно искажани од претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Во време кога Македонија се гради како еднаква, модерна и напредна држава која цврсто чекори кон интеграција, недозволиво е одредени политички структури кои имаат задача да ја бојкотираат македонската иднина, јавно да сеат омраза и да шират ксенофобија и шовинизам.

Таквите јавни настапи се штетни за демократијата и се во спротивност на концептот едно општество за сите кое доби силна поддршка од мнозинството граѓани на последните неколку изборни циклуси.

Очекуваме надлежните органи соодветно да постапат, да го санкционираат ваквото неодговорно однесување и бесрамно ширење говор на омраза и дека ќе преземат се за во иднина да не се повтори.

Истовремено, ги повикуваме сите политички субјекти во државата вклучително опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, јавно да се изјаснат и да го осудат овој чин на омраза и ширење етничка нетрпеливост.

Македонија одамна расчисти со поделбите, граѓаните избраа промени, напредок и едно општество за сите. Ниту една политичка структура која има за цел да ја бојкотира македонската иднина, нема да ги врати граѓаните во темното минато на омраза, поделби и конфликти.