Реакција на СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски:

Христијан Мицкоски продолжува да се крие од јавноста зад однапред снимени видеа за социјалните мрежи и одбива да соопшти став за најважното прашање за иднината на државата.

Молк во ВМРО-ДПМНЕ после 11 години постојано зборување за референдум.

Во денешното однапред снимено видео, правејќи несоодветни споредби, Мицкоски покажува дека нема основни познавања од економија.

Економијата му е слаба страна на Мицкоски.

Ако Мицкоски навистина разбира економија, ќе кажеше дека просечната нето плата во јуни 2018 е за 6.1 отсто поголема во однос на јуни 2017 година. Во апсолутни бројки, просечната платата во јуни 2018 е поголема за околу 1.400 денари во споредба со истиот период лани.

Платите растат, се покачи минималната плата, над 90 илјади граѓани земаат поголема плата, обезбедено е зголемување на платите во одбраната, војската,здравството, образованието…

Освен тоа што растат платите во првиот квартал од оваа година забележен е рекорден износ на странските директни инвестиции од 235 милиони евра.

Извозот во периодот јануари-април 2018 година е зголемен за 14.3%.

По растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јануари 2018 година, според официјалните податоци, индустриското производство во февруари бележи раст од 4.6 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година.

Значи јасно е, економски податоци покажуваат дека економијата се движи во добар правец.

Мицкоски да не се бламира, економијата му е слаба страна. Наместо да се крие да одговори: дали е за влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет или е за враќање во изолација, неказнивост и неизвесност?