СДСМ: Партискиот директор на ДПМНЕ во АНБ, Бојан Христовски нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик

СДСМ: Партискиот директор на ДПМНЕ во АНБ, Бојан Христовски нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик

Соопштение за јавност на СДСМ

Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема сертификат „Државна тајна“ и поднел барање за ваков сертификат дури откако по партиска директива беше назначен за директор на АНБ.

АНБ како безбедносна служба располага со многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниот директор нема право да има увид се додека не го добие сертификатот.

Ова ги потврдува сите сомнежи дали Христовски воопшто ги исполнува законските услови да биде на олку висока позиција.

Останува отворено прашањето дали Христовски има вистински документ за познавање на Англиски јазик затоа што приложил Уверение од училиште во Пловдив – Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TОEFL центар за тестирање.

Понатаму, отворено е и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции согласно законските услови?

Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ брутално ги партизира институциите а со назначувањето на директор на АНБ води кон целосно уништување на безбедносните структури.

СДСМ бара повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми.

Прочитајте повеќе

Тренчевска до Мицкоски: Ќе го прифатите ли сега Законот на СДСМ за минимална плата од 450 евра?

Тренчевска до Мицкоски: Ќе го прифатите ли сега Законот на СДСМ за минимална плата од 450 евра?

„Цените на производите растат, платите не го следат тоа зголемување, додека мерките на Владата со …