СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ

СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ

Партизацијата којашто Панче Тошковски и ДПМНЕ ја спроведувата во МВР значи шиканирање и отпуштање професионалци на сметка на партиски војници кои работата за партијата а не за државата.

Еве ја партизацијата на безбедносните служби на дело. На фотографии од партиски состанок на ДПМНЕ објавени од Јован Јаулевски на Фејсбук јасно се гледа дека учествуваат и двајца полицајци од полициската станица Струга, меѓу нив и Ѓорѓи Стојанов, кандидат за Командир.
Политички активности на полициските службеници се забранети со Закон.

Еве шанса за Тошковски, ајде да видиме дали ќе поднесе иницијтива за нивно сакнционирање.

СДСМ го повикува и Одделот за внатрешната контрола и профеисонални стандарди при МВР да поведе дисциплинска постапка.

Партизацијата на безбедносните институции којашто ја спроведува ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата.

СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

Прес конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ Антикорупцискиот тим на СДСМ …