Прес-конференција на Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ
Христијан Мицкоски повеќе не се крие – тој е обвинител, судија кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците.
Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија.
Неговото „имам чувство“ го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста.
Но, ова е скандал од невидени размери и претставува целосно уривање на правниот и уставниот поредок и за ова мора да понесе одговорност.
Изјавата на Мицкоски е сигнал дека судството и обвинителсвото се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците.
Методи својствени на авторитарни режими какви што демократскиот систем не познава.
Затоа, СДСМ денеска поднесе Кривичната пријава против Христијан Мицкоски за кривични дела:
- Злоупотреба на службената положба и овластување (Член 353, ст. 1 од КЗ)
- Повреда на рамноправноста на граѓаните (Член 137, ст. 1 и ст. 2 од КЗ)
- Загрозување на сигурноста (Член 143, ст. 1 од КЗ)
Бараме Јавното обвинителство веднаш да постапи по кривичната пријава, да го повика Мицкоски на распит и да се спречи понатамошно загрозување на правниот поредок.
Нека докаже Јавното обвинителство дека никој не е над законите и дека може независно да постапува а не само по нарачки.
СДСМ нема да се повлече пред заканите.
Мицкоски нарачува процеси мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација.
Се лаже! Нема да запреме! Не се плашиме!
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

ПУБЛИКУМ Вистината на прво место