• Импресум
  • Контакт
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      СДСМ: Празни обвинувања за Владата од ВМРО-ДПМНЕ-партијата што е синоном за криминално владеење

      5/4/2018
      Македонија
      СДСМ: Празни обвинувања за Владата од ВМРО-ДПМНЕ-партијата што е синоном за криминално владеење

      Реакција на СДСМ на прес конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ:

      Не постои поголем степен на криминал, корупција, партизација и злоупотреби на државните институции од оние што се случуваа за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

      ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше институциите, ги задолжуваше граѓаните и државата, ја изолира и зароби Република Македонија и затоа лицемерно е денес како опозиција да глуми загриженост за состојбата во државата.

      За 10 месеци од формирањето, Владата предводена од СДСМ успеа да ги санира наследените штети од криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, да ја стабилизира економијата и да ја врати и зајакне регионалната и меѓународна позиција на Македонија.

      Времето на криминално и расипничко трошење на буџетските пари, времето на притисoци врз институции и граѓани заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

      Владата предводена од СДСМ преку успешните економски политики обезбеди повисоки плати и пензии и повисок животен стандард за сите, а преку започнатиот реформскиот процес, институциите се ослободуваат и професионализираат и работат во интерес на граѓаните.

      Целокупната инфраструктура се подобрува преку започнатиот инвестициски циклус вреден 270 милиони евра, а сериозно се инвестира и во здравството, одбраната, културата, образованието.

      ВМРО-ДПМНЕ треба да учи од овие лекции, да се надмине себеси и да даде поддршка на реформскиот процес што е во интерес на граѓаните и којшто обезбедува економски раст, професионални институции и квалитетен живот за сите.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Бобан Илиќ осуден на шест години затвор за случајот „Алмир“
      Следно
      Бобан Илиќ осуден на шест години затвор за случајот „Алмир“
      Приватните пекарници со проект до работна сила
      Претходно
      Приватните пекарници со проект до работна сила

      Слично

      • 20/4/2018

        Анѓушев: Прогресивниот данок претставува порамномерен товар на даночната политика

        Анѓушев: Прогресивниот данок претставува порамномерен товар на даночната политика
        20/4/2018

        Шекеринска: Можно е годинава да добиеме покана од НАТО, очекувам

        Шекеринска: Можно е годинава да добиеме покана од НАТО, очекувам поддршка од САД
        20/4/2018

        Продолжуваат активностите за инфраструктурно уредување на „Три багреми“

        Продолжуваат активностите за инфраструктурно уредување на „Три багреми“
      • Не се гледа крајот на реконструкцијата на стадионот во Прилеп
        Не се гледа крајот на реконструкцијата на стадионот во Прилеп
        18/4/2018
      • Прилеп: Советниците дадоа виза за изградба на регионална депонија
        Прилеп: Советниците дадоа виза за изградба на регионална депонија
        10/4/2018
      • Чекајќи го подоброто утре…
        Чекајќи го подоброто утре...
        7/4/2018

      Најчитани

      • СКАНДАЛОЗНО: НИКОЈ ОВДЕ НЕ Е ВРАБОТЕН ОД ШО Е МНОГУ СПОСОБЕН, ТУКУ ОД ШО Е ПАРТИСКИ ЧЛЕН!
        СКАНДАЛОЗНО: НИКОЈ ОВДЕ НЕ Е ВРАБОТЕН ОД ШО Е МНОГУ СПОСОБЕН, ТУКУ ОД ШО Е
        9/12/2016
      • До УЈП поднесена иницијатива за испитување на имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија
        До УЈП поднесена иницијатива за испитување на имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија
        18/8/2017
      • Прва пресуда против прилепскиот градоначалник: Марјан Ристески осуден на парична и на условна затворска казна во траење од 3 месеци
        Прва пресуда против прилепскиот градоначалник: Марјан Ристески осуден на парична и на условна затворска казна
        19/8/2017
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА