СДСМ: Предвремени парламентарни избори нема да има, бараме можност за консензуален кандидат

СДСМ: Предвремени парламентарни избори нема да има, бараме можност за консензуален кандидат

Изјава за медиуми на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, дадена по завршување на синоќешната седница на Извршниот Одбор на СДСМ:

СДСМ презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.

Граѓаните бараат рзултати во економијата, реформите и интеграциите.

Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори дури и кога рејтингот и поддршката од граѓаните е многу повисока од онаа на опозицијата.

Како одговорна влада најавивме економска година, создавање силна економија која отвора шанса за сите.

Економијата е раздвижена и стабилизирана, платите растат, се зголемуваат инвестициите, се отвораат нови работни места, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Тоа е добра основа за засукување на ракавите и посветување на резултат што го бараат граѓаните, на се она што е потребно за подобар животен стандард на сите наши граѓани.

Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со Европската унија и реализирање на потребните реформи.

Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шансата, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.

Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти, фер и  демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ.  Фер избори на кои ќе загуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите ќе бидат поразени.

Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, за да дојдеме до консензуален кандидат за претседател на државата, заеднички да застанеме зад кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

На нашата татковина и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата а не како досега само за партиските интереси.

Одиме на победа, граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат вистински претседател!

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …