СДСМ Прилеп: Градиме Дневен центар за деца со аутизам

СДСМ Прилеп: Градиме Дневен центар за деца со аутизам

Прес конференција на кандидатката за советник од СДСМ и Коалицијата, Анита Ристеска

Остануваме цврсто посветени на изградбата на системот на еднакво општество за сите, во кое различностите ќе не’ обединуваат и нема да не’ делат.

Со формирањето на Дневниот центар за лица со церебрална парализа, на најдобар можен начин покажавме дека водиме подеднаква грижа за сите категории на граѓани.

Нашата посветеност кон обезбедувањето на инклузивен третман и подобри социјални услуги на лицата со посебни потреби, ја потврдуваме со проектот за изградба на Дневен центар за деца со аутизам.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, руинираните бараки кои се наоѓаат во непосредна близина на Дневниот центар за лица со церебрална парализа, ќе прераснат во нов Дневен центар за деца со аутизам.

Дневниот центар за аутизам ќе овозможи квалитетна грижа, индивидуален дефектолошки третман, рехабилитација и психосоцијална поддршка на децата со аутизам и на нивните семејства.

Во Центарот за аутизам ќе работи стручен тим, составен од врвни професионалци кои ќе обезбедат соодветна медицинска грижа, индивидуален третман за поттикнување на когнитивниот и социјалниот развој, на говорот и процесот на учење.

Исто така, стручниот тим континуирано ќе пружа стручно-консултативна помош и поддршка на родителите на децата со аутизам, а ќе нуди и едукација за програми кои родителите ќе можат да ги спроведат во домашни услови.

Почитувани,

Со цврста и одлучна заложба на секој од нас, општина Прилеп може да прерасне во целосно инклузивна средина, во која сите ќе се чувствуваат еднакви.

Граѓаните препознаваат дека ја движиме општината напред и го нудиме најдоброто за сите.

Затоа, на денот на изборите, граѓаните масовно ќе го заокружат бројот 12. Ќе го изберат најдоброто за нив, за нивните деца, за нивните семејства, за нашата општина.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …