СДСМ Прилеп

СДСМ Прилеп: Градоначалникот Јовчески ги излажа прилепчани – поскапуваат паркингот, комуналните такси и услугите во Домот за стари лица

Прес конференција на Моника Грашеска Илиеска, советник во Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ и Коалицијата

Почитувани,

Изборните лаги на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, една по една, почнаа да излегуваат на виделина.

Владејачкото мнозинство во општинскиот Совет реши на денешната седница да донесе неколку одлуки, чие усвојување ќе претставува дополнително оптоварување на семејниот буџет на граѓаните на Прилеп.

Во Прилеп поскапува паркингот! Така, наместо изградба на ветените катни гаражи, Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ носат одлука за драстично зголемување на цената за паркирање на моторните возила.

Се зголемува цената и на комуналните такси, надоместоците за поставување урбана опрема, за фирмарина. Сето тоа на свој грб ќе го почувствуваат сопствениците на угостителски објекти од нашиот град, малостопанствениците, а индиректно и сите граѓани на општина Прилеп.

Наместо подобрување на условите за живеење во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, со одлука на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Јовчески, поскапуваат цените на услугите за корисниците во прилепскиот Дом за стари лица.

Големо разочарување претставува и неисполнетото ветување на Јовчески за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за набавка на клима уреди, коешто, исто како и ветувањето за намалување на сметките за вода, се покажа како обична изборна лага.

Почитувани,

Со ваква локална власт и градоначалник кој работи против интересите на своите сограѓани, на прилепчани не им се пишува добро!

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …