СДСМ Прилеп: Инвестициите во образованието продолжуваат и во време на пандемија на ковид-19

СДСМ Прилеп: Инвестициите во образованието продолжуваат и во време на пандемија на ковид-19

Прес кононференција на Стефани Радовановиќ, Комисија за образование на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Дури и во услови на пандемија, власта предводена од СДСМ продолжува да инвестира во инфраструктурни проекти во училиштата.

Со средства од МОН, во висина од 400.000 евра, најстарата училишна зграда во Прилеп, Гимназијата „Мирче Ацев“ добива целосно нов лик и подобри услови за одржување настава.

Во внатрешноста на објектот се врши реконструкција на подрумскиот дел, со што се добиваат 4 нови простории за изведување на кабинетска настава и два нови тоалети.

Се врши целосна реконструкција и на фасадата на Гимназијата, при што се поставува нова термоизолација на целиот објект, а старите дрвени прозорци, поставени за време на изградбата на објектот пред 60 години, се заменуваат со ПВЦ дограма.

На тој начин, прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ преминува во објект со висок степен на енергетска ефикасност.

Она што исто така е важно да се нагласи, е тоа дека со средства од општина Прилеп и Министерството за животна средина во Гимназијата се гради нова котлара на нафта и гас, прва од таков вид во државата.

Дека се грижиме за учениците со физичка попреченост, говори и фактот дека во ова средно училиште за прв пат се градат лифт и санитарии за лица со телесен инвалидитет. Со тоа, значително ја подобруваме инклузијата на телесно инвалидизираните ученици во образовниот процес.

Почитувани,

СДСМ ја исполнува зацртаната цел: учениците и наставниците да имаат квалитетни услови за одвивање на наставниот процес.

СДСМ е симбол за најдоброто за граѓаните, затоа е фаворит и сигурен победник на претстојните локални избори.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

„СДСМ отсекогаш покажувала лидерство и одговорност. И само СДСМ може да го предводи обединувањето на …