Сдсм знаме

СДСМ Прилеп: Лагите за реформите во образовованието кои ВМРО-ДПМНЕ ги пласира во јавноста, се распрснуваат како меур од сапуница

Почитувани,
Со зачестените средби на градоначалникот Илија Јованоски со наставниците и Советите на родители од прилепските основни училишта, лагите за реформите во образовованието кои ВМРО-ДПМНЕ ги пласира во јавноста, се распрснуваат како меур од сапуница.
Новиот автентичен, македонски модел за дигитализацијата на образованието, не значи целосно укинување на печатените учебници.
За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, додека за учениците од четврто и сукцесивно во погорните одделенија ќе се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција, што значи дека учениците ќе имаат право на избор на кој начин ќе ја следат наставата.
На оние ученици кои ќе изберат да учат од печатени учебници, ќе им бидат обезбедени од училиштето во кое ја следат наставата.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која 11 години на диктаторски начин, од кабинет спроведуваше таканаречени реформи во образование, СДСМ го унапредува образовниот систем етапно и во консултација со наставниците, родителите и учениците.
Граѓаните многу добро ги паметат Кембриџ програмата и екстерното тестирање, кои беа само мал дел од експериментите на ВМРО-ДПМНЕ во образованието.
Покрај тоа, во оваа прилика ќе потстетиме дека градоначалникот на општината, исто како и Министерството за образование, има обврска да се грижи за интересите на учениците, родителите и наставниците и да ги заштити од партиските манипулации, кои тенденциозно се шират во јавноста.
Државата забрзано чекори напред, а дигитализацијата во сите сегменти од општественото живеење, е неизостваен дел од тоа. Само ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во минатото и во криминалната матрица на нивниот шеф Никола Груевски и продолжува да шири лажни вести, да опструира и злоупотребува ученици и родители.
Заради таквото деструктивно однесување, на ВМРО-ДПМНЕ неминовно им следува уште еден пораз на претстојните локални избори.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп

Прочитајте повеќе

Филипче на Сител

Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене (ВИДЕО)

Многупати досега д-р Венко Филипче зборувал за поддршката што им ја давал на своите помлади …