СДСМ Прилеп: На Прилеп му треба храбар градоначалник со знаење и визија, не кукавица

СДСМ Прилеп: На Прилеп му треба храбар градоначалник со знаење и визија, не кукавица

Изјава на Зоран Пачешкоски, претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Од првиот ден на неговото седнување во градоначалничката фотелја, Борче Јовчески покажа дека е недораснат да ја извршува функцијата за која е избран.

Вчера на виделина излезе уште една негова карактеристика – лицемерието, кое умешно го криеше под превезот на наводната „наивност“.

Цели 13 месеци вината за својата неспособност да ги решава проблемите на граѓаните, Борче Јовчески ја префрлаше на други места.

Виновни му беа Владата, опозицијата, претходната локална власт, општинската администрација… Сите, само тој не!

Откако градоначалникот цела година не собра храброст да тропне на вратите на Владата и министерствата, вчера во Прилеп на „гости“ му беше дојдена, буквално, половина Влада.

И наместо да го искористи присуството на премиерот и министрите, да покаже политичка зрелост и да разговара за прашања од интерес на граѓаните на неговата општина, Борче Јовчески одбра да бега!

Градоначалниче Јовчески,

Како „татко“ на градот, не ти треба никаква посебна покана да појдиш во било која прилепска фирма, меѓу другите и на откупните пунктови на Тутунскиот Комбинат, каде вчера беа присутни премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Ако појдеше, на лице место ќе се увереше дека откупната цена на тутунот го достигна историски највисокиот просек од 261 денар за килограм.

Ако кукавички не избегаше од своето работно место, ќе го сретнеше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е вистинската адреса и вистинскиот човек пред кого треба да ја покажеш твојата лажна загриженост за безбедносната состојба во градот.

Конечно, вчера можеше накратко да го преминиш и Плетвар. Таму, ем ќе имаше увид во напредокот на градежните работи на експресниот пат Прилеп – Градско, ем ќе му објаснеше на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дека само заради твојата неспособност доцни реконструкцијата на „крушевско џаде“.

Градоначалниче Јовчески,

На Прилеп му треба градоначалник со знаење и визија. Храбар и одважен градоначалник, а не кукавица кој ќе бега пред секој проблем и предизвик.

Бидејќи ти никако не си тој, те охрабруваме уште денес да поднесиш оставка од градоначалничката функција.

Тоа е најдоброто што можеш да го направиш и за прилепчани, и за себе!

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …