СДСМ Прилеп: Новата кривична пријава против екс градоначалникот Марјан Ристески, доказ за криминалното владеење на ДПМНЕ

СДСМ Прилеп: Новата кривична пријава против екс градоначалникот Марјан Ристески, доказ за криминалното владеење на ДПМНЕ

Прес кононференција на Филип Попоски, портпарол на ОО на СДСМ-Прилеп

Последниот случај со кривичната пријава која ОВР-Прилеп ја поднесе против поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, е уште еден во низата докази за 12-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Екс градоначалникот Ристески, е дел од случајот во кој девет физички и две правни лица се сомничат дека го оштетиле државниот буџет за 8 милиони  денари.

Станува збор за продажба на државно земјиште во 2012 и 2013 година, при што како продавач се јавува Општина Прилеп, а купувач едно од пријавените правни лица.

Како што информираше МВР, во постапката за отуѓување на земјиштето, биле употребени лажни имотни листови во кои не постои податок за правото на користење на земјиштето, иако уште од 01.10.2009 година како корисник е запишано Министерството за одбрана.

Пријавата содржи елементи за основано сомнение за сторени сериозни кривични дела како „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“, „поднесување на лажни докази“, „давање на лажен исказ“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Почитувани,

Предметите против злосторничкото здужување и урбаната мафија, кои со години стојат во фиоките на обвинителствата и судовите, мора час поскоро да добијат разрешница.

Неселективна правда мора да има. Граѓаните бараат одговорност за криминалното трошење на нивните пари од страна на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ, како партија на власт, владеењето на правото е еден од темелните принципи. Затоа, ги поздравуваме чекорите за професионално филтрирање на правосудството, кои ги презема министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Работата на судовите, на претседателите на судовите, на судиите и обвинителите, мора да подлежи на темелна проверка. Законите мора да важат подеднакво за сите!

Прочитајте повеќе

Филипче

Д-р Венко Филипче: Граѓаните во мене како пратеник ќе имаат партнер и другар, а мојата врата ќе биде отворена

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе …