СДСМ Прилеп: Нулта толеранција за насилство врз жените и девојките

Петра Лукароска – Координаторна на Форум на жени, ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,
Форумот на жени на ОО СДСМ – Прилеп се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“, која по тој повод започна на 25 ноември.

Со денешниот настан јасно порачуваме дека нема оправдување за било каква форма на насилство врз жените.
Нашите заложби се за градење на фер, праведно и еднакво општество, базирано на принципите на родова еднаквост и рамноправност во секој сегмент од живеењето.
Цврсто и одлучно стоиме на заложбата за нулта толеранција за насилство врз жените и девојките, во било каква форма и да се случува: физичко, психичко, сексуално, вербално…

Во тој правец, Владата предводена од СДСМ ги превзеде следниве мерки за спречување на насилство врз жените:
– Усвоен е Националниот акциски план за имплементација на истанбулската конвенција.
– Изготвен е предлог закон, кој ќе ги опфати сите форми на родово базираното насилство.
– Министерствот за труд и социјална политика одвои 6.400.000 денари за имплементација на конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртвите од родово-базирано насилство.
– До крај на 2019 година се отвораат вкупно 10 сервиси за жртвите, отворена СОС линија, кризен центар, шелтер центар за сместување до 6 месеци и советувалиште со психосоцијална заштита.
– Со новиот закон за абортус и’ го вративме правото на жената да одлучува за своето тело.
– Oтворени се 3 центри за жртви од сексуално насилство.
Почитувани,
Убедени сме дека чекориме на прав пат и градиме еднакво општество за сите, каде жената се чувствува сигурно и моќно и заедно со мажот чекори во подобра иднина.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …