Реакција на Општинската организација на СДСМ Прилеп:
Продолжува шерифското однесување на првиот човек на прилепскиот огранок на криминалната ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
Откако за новогодишните празници заедно со своите сопартијци се сликаше со огнено оружје, а претходно физички се пресметуваше со свој сограѓанин во центарот на Прилеп, денеска Петар Ристески го паркирал своето луксузно возило на пешачки премин.
Револтот во јавноста од неодговорното и насилничко однесување на Петар Ристески, се’ повеќе расте.
Граѓаните со право бараат и очекуваат оставка од Петар Ристески од функцијата советник во општинскиот Совет.
Молкот на Мицкоски и Ристески за сите овие скандали, само потврдува дека во партијата на унгарскиот бегалец, ништо не е сменето.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место