СДСМ Прилеп: Штетите од невремето ќе бидат исплатени навремено и законски

Прес конференција на Жарко Северкоски, советник во Советот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ:

Почитувани земјоделци и тутунопроизводители,

Цврсто застануваме на страната на сите земјоделци и производители на тутун, коишто претрпеа штета од невремето што зафати дел од територијата на Општина Прилеп, односно населените места Големо и Мало Коњари, Кадино село, Галичани,  како и дел од населбата Варош.

Сите земјоделци кои имаат штети ќе бидат соодветно и законски обештетени!

Владата на Република Македонија преку Министерството за земјоделие ќе донесе одлука за висината на обештетувањето, врз база на проценката од теренот што ја вршат стручните комисии.

Сакаме да потенцираме дека покрај помошта од државата, за прв пат од локалниот буџет на Општина Прилеп ќе бидат издвоени средства за директно обештетување на земјоделците.

Иако во минатото имаше случаи кога земјоделските култури од прилепскиот регион беа зафатени и уништени од природни непогоди, поранешната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за жал, ниту еднаш не издвои средства за надомест на штетите.

Наместо за помош на чесните земјоделците, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ ги трошеа парите на наместени тендери и сомнителни набавки.

ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги лажеше тутунарите дека ќе се укинат субвенциите за тутунот, но не само што не се укинаа, напротив ние ги зголемивме!

За разлика од лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ, ние искрено ја споделуваме маката на оштетените земјоделци и нашата поддршка ја покажуваме со конкретни мерки и директна помош од локалниот буџет.

Затоа, Советот на Општина Прилеп по барање и заложба на градоначалникот Илија Јованоски на вчерашната седница донесе заклучок за проценка и исплата на штетите настанати од природната непогода.

Со домаќинско и одговорно менаџирање на локалниот буџет, има пари за помош на земјоделците.

Истовремено, Формирани се дополнителни две стручни комисии, со цел да се забрза проценката на терен, а со тоа и исплатата на обештетувањето за земјоделците.

Ја цениме маката на земјоделецот, работливоста на тутунарот, и нема да дозволиме да бидат оставени сами на себеси.

Зборот е збор!

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …