СДСМ Прилеп: Синоќешниот митинг ја покажа безидејноста и очајот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ Прилеп: Синоќешниот митинг ја покажа безидејноста и очајот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Филип Попоски – портпарол на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани,

Синоќа на истово ова место, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одржаа партиски митинг, при што на виделина излезе безидејноста и очајот во кој се наоѓа најголемата опозициска партија.

Синоќа, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа зошто се наоѓаат 4 години во опозиција и зошто ќе останат таму најмалку уште толку.

Во деновите кога комплетното поранешно државно и партиско раководство на ДПМНЕ, чиј најблизок соработник беше токму Мицкоски, е осудено на повеќегодишни затворски казни заради пљачкосување на сопствената држава, тој бесрамно зборуваше за борба со криминалот и корупцијата.

Марионетата на унгарскиот бегалец вети изградба на автопат од Велес до Меџитлија, во моментите кога во полн ек е изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и кога Владата на СДСМ веќе го најави автопатското решение од Прилеп до Битола.

Мицкоски зборуваше за изградба на булевари, а на само десетина метра од него се наоѓаше еден од најубавите и најсовремени булевари во нашата држава, реконструиран за време на актуелната локална власт предводена од СДСМ.

Првиот човек на најбогатата партија во Европа, без срам и перде зборуваше и за изградба на спортски објекти, а притоа самиот помина покрај целосно реновираниот Градски фудбалски стадион „Гоце Делчев“, кого неговите сопартијци го оставија уништен и руиниран, на рамниште на ливада.

Почитувани,

Жална и губитничка беше синоќешната атмосфера на овој плоштад.

Бидејќи, кога лидерот на една партија не го знае името и презимето на човекот кого дошол да го промовира како свој кандидат за градоначалник на Прилеп, во најмала рака значи негово понижување и девалвирање.

Меѓутоа, тоа е најјасната порака која Мицкоски на директен начин им ја соопшти на своите сопартијци, но и на сите граѓани на Прилеп: дека дури и нему му е јасен исходот од претстојните локални избори.

Дека на октомвриските избори СДСМ ќе извојува уште една победа, дека локалната власт во Прилеп и во следните 4 години останува во рацете на СДСМ и коалициските партнери!

Бидејќи СДСМ е најдоброто за нашата општина!

Прочитајте повеќе

Филипче

Д-р Венко Филипче: Граѓаните во мене како пратеник ќе имаат партнер и другар, а мојата врата ќе биде отворена

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе …