СДСМ Прилеп: Следува историски највисоко зголемување на пензиите

СДСМ Прилеп: Следува историски највисоко зголемување на пензиите

Изјава на Зоран Пачешкоски, претседател на ОО на СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Во време на економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ ги поддржува пензионерите преку зголемување на пензиите.

Благодарение на СДСМ со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од септември 330.000 пензионери во просек ќе добиваат по 900 денари повеќе на своите сметки.

Пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот од трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата во државата.

Како што се зголемуваат трошоците за живот, така ќе растат и пензиите. Како што се зголемува просечната плата во државата, така ќе се зголемуваат и пензиите.

Во септември пензионерите ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите!

Како дел од антикризните мерки за месеците април, мај и јуни секој пензионер на својата пензија ќе добие плус илјада денари, или вкупно 12.000 денари повеќе за оваа година.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, докажува дека навистина се грижи за пензионерите, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кое на пензионерите им делеше ваучери за скијање.

Прочитајте повеќе

Филипче во Гевгелија

Д-р Филипче од Гевгелија: Како пратеник ќе останам достапен за грижите, но и за идеите на граѓаните

Дочекан со аплаузи и овации, носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче …