СДСМ лого

СДСМ Прилеп: Со помош на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, Прилеп ќе ја добие ветената нова театарска зграда

Реакција на ОО на СДСМ Прилеп, на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

На 5 денови пред локалните избори, безидејното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја замајува јавноста со лажни вести и со одвлекување на вниманието од проблемите во сопствените редови.

Во обид да го покријат најновото бегство на нивниот кандидат за градоначалник, Борче Јовчески од телевизиската дебата со останатите кандидати, како и да го одвлечат вниманието на јавноста од фијаското на нивниот синоќешен митинг, сегашната и идна опозиција повторно се расфрла со бесмислени и беспредметни кривични пријави.

Овој пат нивна „мета“ беше градоначалникот Илија Јованоски и изработката на идејно решение за новиот објект на прилепскиот театар.

Разбирливо е што во партијата на бегалецот Груевски и неговата марионета Мицкоски, не можат да се помират со големиот број реализирани проекти на градоначалникот Јованоски, чиј број е поголем од сите проекти на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за период од 12 години.

Господа од ВМРО-ДПМНЕ,

Вчера СДСМ и Коалицијата организираа величествен, достоинствен и масовен марш во чест на Денот на народното востание, 11 Октомври, од кој граѓаните упатија јасна порака дека Горан Сугарески е идниот градоначалник на општина Прилеп!

Она кое што не сакате да го чуете и видите, покрај вашиот извесен пораз на претстојните локални избори, се зборовите на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, кој и вчера го повтори повеќе пати кажаното: дека идниот градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, ќе има огромна и безрезервна поддршка од Владата и дека еден од проектите кој ќе биде поддржан со средства од државниот буџет, е токму новата зграда на прилепскиот театар.

Почитувани,

После настаните кои во изминатите денови се одржаа во нашиот град, дводневната манифестација за одбележување на Денот на народното востание, маршот на СДСМ и Коалицијата и неуспешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе е од јасно дека на 17 октомври СДСМ ќе извојува уште една голема победа и дека Горан Сугарески ќе биде новиот градоначалник на Прилеп!

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …