директорот на „Пазари“ зголемување на платата за 20.000 денари

СДСМ Прилеп: Со што тоа директорот на „Пазари“ заслужи зголемување на платата за 20.000 денари?

Прес-конференција на Филип Попоски, портпарол на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Десет месеци после локалните избори и промената на власта на локално ниво, со сигурност може да се каже дека наместо решавање на проблемите на граѓаните на општина Прилеп, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ водат грижа единствено за сопствениот џеб.

Еден од многубројните докази за таквата констатација е висината на платата која ја зема директорот на ЈКП „Пазари“, Игор Крстески а која изнесува 62.000 денари, или 20.000 денари повеќе од платата на неговиот претходник во директорската фотелја на јавното претпријатие.

директорот на „Пазари“ зголемување на платата за 20.000 денари

Во време на економска криза кога секој денар од парите на граѓаните треба рационално и наменски да се троши, ваквото енормно зголемување на платата од цели 20.000 денари, е врв на безобразлукот од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески.

Како што самите можете да видите, директорот на „Пазари“, кого патем речено прилепчани досега ниту го чуле ниту го виделе, не направи ништо за да ја подобри инфраструктурата во градскиот пазар. И не само тоа, туку заедно со градоначалникот Јовчески ги излажаа продавачите и закупците на тезги, останувајќи глуви на нивните барања за дислоцирање на таканаречените „диви“ продавачи на соодветна локација.

Кога е веќе така, а така е, градоначалникот Борче Јовчески има обврска да кажи со што тоа Крстески заслужи плата повисока од 1.000 евра? Која е логиката да се зголеми платата на директор на јавно претпријатие кое бележи загуби, а за чие покривање се издвојуваат пари од општинскиот буџет?

Секојдневното вработување на нестручни кадри во јавната администрација избрани по партиска или роднинска линија, како и неспособноста на општинските власти да се справат со наталожените проблеми, директно се одразува на квалитетот на живеење и стандардот на граѓаните.

Од тие причини, единственото нешто кое на прилепчани им е нејасно е прашањето: кој е следниот скандал кој на своите сограѓани ќе им го приредат безидејната локална власт и неспособниот градоначалник?

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …