СДСМ Прилеп: Социјалната помош зголемена за 300 отсто, се грижиме за граѓаните со социјален ризик

СДСМ Прилеп: Социјалната помош зголемена за 300 отсто, се грижиме за граѓаните со социјален ризик

Прес конференција на Нела Јездиќ, Комисија за труд и социјална политика на ОО СДСМ-Прилеп:

Почитувани,

Резултатите од темелните реформи на системот за социјална заштита, кои во изминатите две и пол години ги спроведе власта на СДСМ, директно ги чувствуваат над 120.000 наши граѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти.

Денес, околу 27.000 семејства во државата од кои за 2.000 е надлежен Центарот за социјални работи – Прилеп,  добиваат гарантиран минимален приход во висина до 11.700 денари месечно, а претходно за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ добивале социјална помош од околу 3.000 денари.

Дополнително, децата чии родители се корисници на правото на социјална помош се ослободени од плаќање на болничка партиципација.

Власта на СДСМ го исполни и ветувањето за социјална пензија за возрасни лица со загарантиран износ од 6.000 денари

Моментално над 500 лица од територијата која ја покрива Центарот за социјални работи – Прилеп, добиваат социјална пензија од 6.000 денари плус 1.000 денари за енергетски додаток за месеците од октомври до март.

Како одговорна партија не застануваме тука, продолжуваме да градиме ефикасен систем на социјална заштита кој трајно извлекува од сиромаштија.

Воведовме серија на мерки за вклучување на социјално ранливите категории на пазарот на труд, преку преквалификација и докавалификација за занимања кои се дефицитарни на пазарот.

Се грижиме за нашите сограѓани од социјален ризик и градиме фер и праведно општество на еднакви можности.

Тоа е правиот пат.

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска од Струга: СДСМ за 52% ги покачи платите во културата

Костадиновска-Стојчевска од Струга: СДСМ за 52% ги покачи платите во културата

„Останувањето на европскиот пат, значи дека и сегашните генерации ќе ги почувствуваат придобивките. Континуирано ги …