СДСМ Прилеп:„СПОРТ VS ДИЈАБЕТЕС”, трибина по повод Светскиот ден на дијабетесот

СДСМ Прилеп:„СПОРТ VS ДИЈАБЕТЕС”, трибина по повод Светскиот ден на дијабетесот

По повод Светскиот ден на дијабетесот, 14.Ноември, Општинската организација на СДСМ – Прилеп организира трибина на тема „СПОРТ VS ДИЈАБЕТЕС”.

На трибината свое обраќање ќе имаат истакнатиот ракометар и претседател на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсоски, професорот по физичка култура Христо Белакапоски и Симона Ристеска, професорка во СОУ „Ѓорче Петров”.

Трибината ќе се одржи во четврток, 14 ноември со почеток во 19 часот, во Градската библиотека „Борка Талески”.

Светскиот ден на дијабетесот е креиран во 1991 година од страна на Меѓународната Федерација за дијабетес IDF и Светската Здравствена Организација WHO, како одговор на растечката загриженост за ескалирачката закана по здравјето предизвикана од дијабетесот. Светскиот ден на дијабетесот стана официјален ден на Обединетите Нации во 1996 година, а секоја година се одбележува на 14 ноември, во чест на роденденот на Фредерик Бантинг, еден од пронаоѓачите на инсулинот.

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …