Прилеп Дупки

СДСМ Прилеп: Улиците во градот изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање?

Прес-конференција на Филип Попоски, ОО СДСМ-Прилеп

На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива – градоначалникот Јовчески и ДПМНЕ велат дека ја има, ама неа сеуште никој не ја видел!

Реалноста на која сведочат прилепчани е малку поинаква: во градот владее урбанистички хаос, улиците се валкани, потонати во мрак и изрешетени со дупки како швајцарско сирење. Цели 4 години во градот камче не е поместено.

Имајќи го предвид огромниот општински буџет кој за оваа година изнесува 34 милиони евра, прашањето на кое локалната власт на ДПМНЕ никогаш не одговори, е каде и за што се трошат парите на граѓаните?

Се распишуваат тендери, се склучуваат договори за реконструкција и асфалтирање на улици, а тие секоја година се се’ полоши и се’ пораскопани. Ако е така, а така е, локалната власт е должна да каже каде завршуваат општинските пари?

На пример, минатата година Општина Прилеп со скопската фирма УРБАН ПАВЕР склучила договор за одржување, крпење дупки, изградба на тротоари, патишта и улици во вредност од 10 милиони денари.

Договор Прилеп Павер

Ниту улици се асфалтираа, ниту тротоари се направија, а парите се потрошија.

За тековната 2025 година нов договор за јавна набавка помеѓу старите партнери – Општина Прилеп и УРБАН ПАВЕР.

За разлика од претходниот, овој договор има два дела:

  • првиот за реконструкција, рехабилитација на улици и општински патишта, “тежок“ 34 милиони денари;
  • вториот за одржување ударни дупки, прокопи, тампонирање и други работи на улици и општински патишта, во вредност од 10 милиони денари.

Или севкупна вредност на договорот – фантастични 44 милиони денари!

Договор 2025 прилеп

Она што боди очи, е дека рокот на изведба на работите е 6 месеци, што значи точно до почетокот на локалните избори. Премногу провидно и наивно, но кога е во прашање ДПМНЕ – веќе видено.

Дека се лови во матно и дека под изговор на “крпење“ дупки некој “крпи“ стотици илјади евра, покажува и еден друг податок: за еден тон асфалт Општина Охрид плаќа 3.800 денари, Тетово 6.500, Кавадарци 4.650, а Прилеп дури 16.000 денари!

Постојат мал милион причини заради кои објавното винителство треба да го прочешла финансиското работење и на Општина Прилеп, но и на општинските јавни претпријатија.

Господа од ДПМНЕ, доста ги полневте џебовите – пополнете ги дупките по улиците!

Прочитајте повеќе

Кина најавува воена обука со Србија, Брисел го предупредува Белград

Кина најавува воена обука со Србија, Брисел го предупредува Белград

Првата заедничка обука на српската и кинеската армија е нов чекор за двете земји во …