СДСМ Прилеп: Вакво неработење и неспособна локална власт прилепчани не паметат

СДСМ Прилеп: Вакво неработење и неспособна локална власт прилепчани не паметат

Прес конференција на Александар Китаноски, советник на СДСМ во Советот на општина Прилеп

Почитувани граѓани,

Се наоѓаме на улицата „Леце Котески“, каде според изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, во тек биле градежни работи за нејзина реконструкција.

Како што самите можете да видите, не само што на оваа улица нема никакви градежни активности, туку не постои било какво навестување дека такво нешто во догледно време ќе се случи.

И сето тоа благодарејќи на неспособноста на градоначалникот Борче Јовчески, ако ништо повеќе, барем да ги реализира наследените проекти.

Да потсетиме дека во случајов станува збор за проект за изградба и реконструкција на улицата „Леце Котески“ во должина од 2 км, со средства во висина од 1 милион евра обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку Светска банка.

За жал, неспособноста на новата локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески оди дотаму, што немаат капацитет и знаење да ја реализираат оваа капитална инвестиција која ја обезбеди Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Почитувани,

Се навршија точно 7 месеци откако Јовчески се всели во градоначалничкиот кабинет и ја презеде одговорноста да раководи со Општина Прилеп.

За 7 месеци, односно 210 дена, жителите на Прилеп и населените места сведочат дека незнаењето на локалните власти да ги решаваат проблемите на граѓаните, е поголемо дури и од најпесимистичките очекувања. Ваквo неработење и неспособна власт прилепчани не паметат.

Од бројните ветувања кои Јовчески ги даде во изборната кампања, меѓу кои беа реконструкција на градските плоштади, изградба на катни гаражи и кружни текови, заобиколници,намалување на цената на водата, масовна реконструкција и асфалтирање на улици… нема ништо.  Се’ било една голема лага.

Единствената работа со која во изминатите 7 месеци се занимаваат градоначалникот и неговите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ, се вработување на партиски војници и блиски роднини и пријатели.

Борче Јовчески, мнозинството во општинскиот Совет и директорите на јавните комунални претпријатија, абер немаат да почнат да се занимаваат со она заради кое на локалните избори ја добија довербата – решавање на проблемите и реализација на проекти од интерес на граѓаните на нашата општина.

Затоа, без никаква дилема може да се констатира дека Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго, туку елементарна непогода која ја зафати општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …