СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ боледува од епидемијата „лажни вести“, патот Прилеп-Градско ќе биде завршен во време на СДСМ

СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ боледува од епидемијата „лажни вести“, патот Прилеп-Градско ќе биде завршен во време на СДСМ

Реакција на ОО на СДСМ Прилеп на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМН:

СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ боледува од епидемијата „лажни вести“, патот Прилеп-Градско ќе биде завршен во време на СДСМ

Епидемијата  на лажни вести од која боледува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ги зарази и нивните локални претставници.

Секојдневно се натпреваруваат кој може поголема лага да смисли.

Безочна лага е дека државата имала обврска да плати пенали од 100.000.000 евра, бидејќи правната разврска ќе следи на арбитража.

Инаку, договорот со шпанската компанија е склучен во време на ВМРО-ДПМНЕ и тие најдобро знаат зошто во периодот 2006 – 2016 година жителите од Пелагонискиот регион останаа без овој експресен пат.

Додека во Скопје налудничаво се фрлаа стотици милиони евра на камен, бронза, жални врби и споменици, регионот беше целосно заборавен од претходниот режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Трагично е што ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, се’ уште живее во темното и криминално минато на Груевски, кога се договараа тендери во четири очи, се бараа провизии и се даваа бизниси на блиски фирми.

Тоа време заврши.

Владата предводена од СДСМ, работи транспарентно и законски.

Најважно од се’ е проектот да биде изработен домаќински и одговорно, во согласност со законите.

Експресниот пат Прилеп-Градско ќе биде завршен во време на СДСМ, а Горан Сугарески ќе остане запаметен како министер во чие време се модернизирал најголемиот дел од патната инфраструктура во државата.

Прочитајте повеќе

Кандидати кампања

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското …