Соопштение за јавност на СДСМ
Нашиот најголем капацитет за производство на струја, РЕК Битола не работи. Сите три блока од ноќеска на полноќ се надвор од функција.
Божиновска и владата на Мицкоски и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем во земјата. Наместо да го зголемат производството на струја од домашни капацитети, Мицкоски и ДПМНЕ го намалија.
Владата во моментов прави огромен увоз на скапа струја заради нефункционирањето на РЕК Битола, што предизвикува огромни трошоци за државата и граѓаните.
Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа паѓа врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките на граѓаните за електрична енергија да бидат високи.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место