СДСМ: Се воведува „зелена нафта“, 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците

Соопштение на СДСМ:

Со отворање на јавниот повик за  набавка на гориво за земјоделска механизација започна реазлицијата на мерката за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделска механизација пополарно наречена „зелена нафта“

Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади кои ќе имаат можност да набавуваат 30 отсто поевтина нафта за својата механизација.

На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостпанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.

Со „зелената нафта“ ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а субвенционирана нафта ќе можат да набавуваат и најмалите земјоделци.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството.

Прочитајте повеќе

Делегација на СДСМ

Делегација на СДСМ предводена од Зечевиќ-Вардарски му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела …