СДСМ

СДСМ: Сите институции и буџетски корисници да ги намалат трошоците

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики за одговорно управување со финансиите во време на глобална и економска и енергетска криза.

За таа цел вчера на седница на Владата беа донесени конкретни мерки и одлуки кои се однесуваат на сите буџетски корисници.

Според одлуките, до 21 март 2022 (понеделник) сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и за тоа да достават предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии.

Забрането е почнување нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата и по претходна согласност од Владата.

Буџетските корисници задолжително треба за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила, да го намалат бројот на службени патувања, додека акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 отсто.

Со кратење на овие расходи, ќе се покаже одговорност, но и ќе се ослободат дополнителни средства кои ќе се насочат во мерки за помош на граѓаните.

И во време на глобална криза, СДСМ преку институциите што ги предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош и поддршка на домашната економија.

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска од Струга: СДСМ за 52% ги покачи платите во културата

Костадиновска-Стојчевска од Струга: СДСМ за 52% ги покачи платите во културата

„Останувањето на европскиот пат, значи дека и сегашните генерации ќе ги почувствуваат придобивките. Континуирано ги …