СДСМ

СДСМ: Скандал, директори поставени од ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат македонски ученици за бугарскиот клуб Иван Михајлов

Прес конференција на Дарко Каевски, портпарол на СДСМ

Почитувани,

На виделина е нов скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов.

Додека лицемерот Христијан Мицкоски лажно се претставува во Бугарија негови кадри злоупотребуваат ученици во интерес на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов.

Жанета Сирвини е поставена за директор на средно техничко училиште во Битола токму од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалникот на Битола, Коњановски, пред околу 3 месеци.

Повикуваме на брза реакција на сите надлежни институции, МОН, надлежните инспекторати и бараме одговорност за оваа злоупотреба на македонските деца, ученици и студенти.

Лицемерот и спинеротот Мицкоски, да излезе веднаш и да побара отчет од неговиот градоначалник Коњановски и одговорност, од него и од директорката поставена од ВМОР-ДПМНЕ.

Ќе направи ли Мицкоски сега вонреден отчет за неговиот градоначалник?

ВМРО-ДПМНЕ додека не се откаже од континуитетот на Ванчо Михајлов бадијала лажно се претставува.

Ова, почитувани е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ како антидржавна, антинародна партија, која злоупотребува малолетни лица во политички цели.

Ова ги потврдува врските на ВМРО-ДПМНЕ со клубот Ванчо Михајлов, чиј претседател но и членови се фотографирани со Христијан Мицкоски и други функционери на партијата.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …