СДСМ: Скандал кој Јаневска и ДПМНЕ го кријат - ученици однесени во казино во Монте Карло за да се коцка директорката

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ДПМНЕ го кријат – ученици однесени во казино во Монте Карло за да се коцка директорката

Прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ

Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка.

Деца од училиште однесени во казино во Монте Карло за директорката и помошникот директор да се коцкаат.

Да, добро слушнавте. Имаме и видеа и фотографии.

Едното видео коешто ќе го објавиме е со заматени ликови, поради тоа што има малолетни деца. Но свиркачи ни го доставија и го имаме и оригиналното.

Брука! Казино образование на Јаневска и ВМРО.

Што покажуваат информациите, сликите видеата? За време на ученичка екскурзија во Монте Карло, директорката на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини и помошник-директорот Љупчо Здравковски, наместо со учениците –  се коцкаат на слот машини во казино.

Во истото време малолетните ученици, за кои тие биле одговорни, ги чекале во холот.

Наместо да се грижат за безбедноста и едукацијата на учениците и да бидат пример за младите,  раководители на училиште се коцкаат во казино. И децата ги носат во казино.

Каква едукација им дале првите луѓе на училиштето – како се вртат слот машини?

На што ги учат децата ВМРО-ОКГ и нивните кадри? Да се коцкаат.

Ова е неморален случај и затоа бараме одговорност од прв до последен.

Ја повикуваме Јаневска итно да изврши надзор  и да поведе постапка за одговорност и разрешување на сите инволвирани.

https://www.facebook.com/watch/?v=1462679969095202

Прочитајте повеќе

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Ирена Ѓорѓиеска, мајка на претепаното девојче од Охрид кое сè уште се наоѓа на болничко …