СДСМ: Следува инвестиција на „Лидл“ од 300 милиони евра, со Интервентниот план за инвестиции го трасираме патот кон раст на македонската економија

СДСМ: Следува инвестиција на „Лидл“ од 300 милиони евра, со Интервентниот план за инвестиции го трасираме патот кон раст на македонската економија

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев посветено работи на реализација на мерки и политики што значат економски развој, нови работни места и унапредување на животниот стандард.

Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 е одлучен чекор на владата за поддршка на економијата, нови работни места и подобар живот на сите граѓани.

Веќе е извесна голема странска инвестиција на „Лидл“ од Германија, во вредност од 300 милиони евра. Предвидено е овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови во државата.

Влезот на познатиот синџир на маркети „Лидл“ значи поддршка и за македонското земјоделство и отворање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава.

Инвеститорот „Лидл“ има обврска да откупува и да продава домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „Лидл“ во југоисточна Европа.

Предвидена е и голема домашна македонска инвестиција за фабрика за производство на македонски челик со потполно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана, во вредност од 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати.

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање политики за поддршка на домашното стопанство, работниците, политики кои носат подобар живот за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија

Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија

Прес-конференција на Кети Штерјова, СДСМ Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија …