СДСМ со 7 конкретни мерки за борба против загадениот воздух
A picture taken on December 4, 2018 shows a general view of the city of Skopje. - The World Health Organization listed Skopje as “the most polluted capital in Europe”. (Photo by Robert ATANASOVSKI / AFP)

СДСМ со 7 конкретни мерки за борба против загадениот воздух

Скопје со денови е меѓу градовите со највисоко аерозагадување на светот, што претставува ризик за здравјето на граѓаните. Загадувањето на воздухот во Скопје бара преземање неодложни мерки.

Од тие причини, советничката група на СДСМ и коалицијата поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадувањето на воздухот во главниот град.

СДСМ предлага седум конкретни мерки, кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побрзо да се усвојат:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз;

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје;

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето;

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување);

5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје;

6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни и

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Мерките треба што побрзо да се усвојат, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните.

Прочитајте повеќе

филипче мостови крива паланка

Филипче: Крива Паланка добива пет нови мостови

Изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче …