Прес- конференција на Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Пред еден месец, по средбата на претседателот Зоран Заев со Христијан Мицкоски беше договорено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието да се откажат од блокади на важни закони за граѓаните.
Меѓу нив е и Законот со кој македонското здравство за прв пат по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.
Но и по еден месец се уште траат блокадите од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ова е уште една во низата лаги на Христијан Мицкоски.
Да се кочи реализација на најкапиталниот проект во македонското здравство значи да се работи директно на штета на граѓаните и државата и тоа во време кога се уште се опоравуваме од последиците од пандемијата на коронавирусот. Не постои друга причина за вакво деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ насочено против јавното здравство.
Она што Мицкоски го нарекува „Непостоечки проект“ всушност е тоа што Физибилити студијата направена заедно со помош на австриската влада која е договорена на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава.
Таа Физибилити студија е одобрена од Националната Агенција на Австрија.
11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар а од него видовме само лимени тараби во комплексот клиники.
ВМРО ДПМНЕ договор за изградба на нов Клинички потпиша со компанија која по неколку месеци, отиде во стечај!
За разлика од нив, Владата предводена од СДСМ ќе изгради нов Клинички центар современ и модерен проект како што заслужуваат нашите граѓани и нашето здравство.
Најреномирани европски компании германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“, ќе бидат вклучени во изградбата на истиот и затоа ВМРО-ДПМНЕ мора да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии, непостоечки проекти и да лаже постојано.
Законот за изградба на новиот Клинички,предвидува независен меѓународен финансиски ревизор односно со тој закон да се дозволи двете компании „Вамед“ и „Буиг констракшн“ да дадат една понуда за изградба на Клинички.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води целиот проект, но немаат доблест да гласаат за законот, очигледно спасот на лидерот Мицкоски им е поважен од здравјето на граѓаните.
Ете затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во континуитет се поразувани, затоа што личните и партиски интереси им се поважни од здравјето на граѓаните и од интересите на државата.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на граѓаните, затоа ги чекаат нови порази и овде во Собранието и на изборните соочувања пред граѓаните.