СДСМ

СДСМ: Со блокади во Собрание ВМРО-ДПМНЕ против повисоки плати за наставниците

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ

Срамно е однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со блокади, деструкции и закани за физички насилство спречуваат повисоки плати во образованието и трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.

Цела година ВМРО-ДПМНЕ го блокира овој Закон на штета на наставниците и стручните соработници.

За ВМРО-ДПМНЕ било штетно ова законско решение кое е во интерес на 27.000 наставници во основното и средното образование.

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе се укинува приправничкиот стаж, лаже дека се бори за поголеми плати во образованието, нивните блокади се на штета на наставниците и целиот образовен процес.

Ниедна лага нема да го покрие штетното дејствување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата предводена од Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите треба да завршат кај граѓаните, но нивните блокади нема да успеат, измените на законот ќе бидат донесени.

Прочитајте повеќе

Д-р Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Д-р Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Изјава на д-р Венко Филипче по прашањето на решавање на статусот на специјализантите по медицина: …