СДСМ: Со изградбата на булеварот „Гоце Делчев“, се реконструира и водоводната мрежа

СДСМ: Со изградбата на булеварот „Гоце Делчев“, се реконструира и водоводната мрежа

Прес конференција на Еленче Ташкоска, ОО на СДСМ Прилеп:

И покрај пандемијата со коронавирусот, локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ, со силна динамика ги спроведува проектите за подобрување на инфраструктурата во општина Прилеп.

Паралелно со реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од некогашната Градска кафеана до ЦК „Марко Цепенков“, се врши замена на старата водоводна бетонско-азбестна мрежа со нова и современа, полиетиленска, во вкупна должина од 280 метри.

Со овој проект, во вредност од 100.000 евра, за прв пат откако е изградена во далечната 1955 година, се реконструира водоводната мрежа во овој дел од центарот на Прилеп.

Претходно, со првата фаза од реконструкцијата на градскиот булевар, на потегот од улицата „Браќа Ламески”, до улицата „Прилепски бранители”, исто така се изгради нова водоводна линија на која се поврзани станарите од околните згради.

Изградбата на нова водоводната мрежа, пред завршувањето на реконструкцијата на булеварот, е најдобар доказ дека работиме по план и се водиме од долгорочните интереси на граѓаните.

Новиот градски булевар, со реконструирана подземна инфраструктура, со четири коловозни ленти, велосипедски патеки, тактилни траки за слепи лица, нови гранитни тротоари, централно осветлување и нова урбана опрема, ќе претставува вистинска гордост на градот и на граѓаните на Прилеп.

Во периодот кој следува, со уште поголема посветеност продолжуваме со нови проекти во инфраструктурата.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …