СДСМ: Со „кошничките“ на Мицкоски направен е грабеж врз граѓаните “тежок“ неколку милиони евра

СДСМ: Со „кошничките“ на Мицкоски направен е грабеж врз граѓаните “тежок“ неколку милиони евра

Одговор на новинарско прашање на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, за „новогодишната кошничка“ на Мицкоски

Тоа е уште една измама. Нашиот народ вели, после свадба – тапани. Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Самата власт кажа дека нема основа да ги казнува трговиците, власта е таа што им дозволи да ги покачат цените.

Граѓаните многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски. Според нашите проценки, повеќе милиони евра е направен грабеж врз граѓаните во изминатиот период, токму заради оваа лоша политика на Мицкоски. Така да оваа штета веќе не може да се надомести. Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници.

За шест месеци се живее полошо отколку во најголемите економски кризи, кога владата на СДСМ се грижеше за граѓаните. Целата оваа политика е апсолутно којашто е во интерес на бизнисот а не во интерес на граѓаните.

Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците што ги остави да ги пљачкаат граѓаните?

Прочитајте повеќе

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Во повеќе градови во Србија во неделата беше одржан 15-минутен молк за 15-те жртви од …