Сдсм знаме

СДСМ: Со негласањето за недела неработен ден, ВМРО-ДПМНЕ се стави на спротивната страна од интересите на работниците

Соопштение за јавност на СДСМ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа за измените и дополнувањата за Законот за работни односи со кое недела станува ден за одмор за 92 отсто од сите работници, а останатите осум отсто да добиваат повисоки дневници за ден недела.

Со негласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците.

По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ниту се грижи за граѓаните, ниту за работниците, дека за нив најважен е личниот и партискиот интерес.

Парламентарното мнозинство предводена од СДСМ и покрај опструкциите го донесе законот и останува партнер на работниците, продолжува со носење на реформи кои ги унапредуваат работничките права и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Партиите договорија датум за избори: на 24 април прв круг претседателски, на 8 мај парламентарни и втор круг претседателски избори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, даде изјава по лидерската средба што се одржа на негова …