СДСМ: Со поскапувањето на билетите, Владата ја претвора културата во елитистичка и недостапна за граѓаните

СДСМ: Со поскапувањето на билетите, Владата ја претвора културата во елитистичка и недостапна за граѓаните

Соопштение за јавност на Комисијата за култура на СДСМ

Поскапувањето на билетите за културните настани во националните установи е уште еден доказ дека оваа власт нема ниту чувство, ниту визија што значи културата за граѓаните.

Културата во Македонија не е пазарна стока, ниту бизнис-проект за полнење каси, туку јавен интерес кој државата веќе го финансира со пари на граѓаните. Претставите, оперите, концертите и балетите се субвенционирани од Буџетот, што значи дека приходите од билетите се дополнителни средства, а не услов за опстанок на институциите.

Изјавата на министерот Љутков дека „ако има полни сали и се чека 4–5 месеци за билет, тогаш цените се достапни за секого“ е цинична, социјално нечувствителна и опасна логика. Според таа логика, ако нешто е посетено, треба да стане луксуз. Наместо култура за сите, добиваме култура само за оние што можат да платат повеќе.

Фактите се јасни:

  • Една претстава чини стотици илјади денари и е целосно покриена од Министерството за култура.
  • Приходите од билетите, дури и со досегашните цени, значат сериозен приход за установите.
  • Расходите по изведба се минимални.
  • Со неколку изведби, институциите веќе ја надоместуваат вредноста на продукцијата.

Затоа прашуваме: Кој пие, а кој плаќа? Зошто граѓаните повторно да плаќаат за нешто што веќе го финансирале преку буџетот?

Во држава со ниски плати, сиромаштија и општа депресија, културниот настан е единствениот простор за достоинство, социјален живот и духовно олеснување. Со оваа одлука, Владата ја претвора културата во Версај , затворена, елитистичка и недостапна.

Во многу европски земји, како Бугарија, постои модел на државна поддршка по продаден билет, токму за да се задржат ниски цени и полни сали. Кај нас обратно: се казнува публиката затоа што има интерес.

Комисијата за култура на СДСМ бара:

  • Итно преиспитување на одлуката за поскапување на билетите,
  • Јасна и транспарентна анализа на трошоците и приходите на националните установи
  • Политика на достапна култура за сите, а не култура како луксуз

Културата не смее да се мери со логика на профит.

Културата е право, не привилегија.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …