СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

Прес-конференција na Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Почитувани граѓани,

Нашето општество се соочува со исклучително тензични моменти кои бараат од сите нас политичктеи партии, институциите и лидерите – да покажеме максимална одговорност и зрелост. Настаните од изминатите денови ги вознемирија граѓаните, ги ставија на тест нашите меѓусебни односи и удрија по темелите на соживотот кој толку внимателно го градиме од осамостојувањето.

Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна.

Цврсто веруваме дека дијалогот, разбирањето и заедничката акција се единствениот пат напред. Лидерската средба е можност да ги обединиме сите политички субјекти околу една јасна и едноставна порака: Македонија останува стабилна и посветена на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.

Ова е време кога политиката треба да го покаже своето најдобро лице – лице кое обединува, кое создава доверба и кое промовира единство. Граѓаните од нас, политичарите, очекуваат да бидеме пример за смиреност, мудрост и посветеност кон заедничкото добро. Да го направиме токму тоа.

На оваа средба, сите заедно треба да испратиме порака дека Македонија е и ќе остане држава на сите нејзини граѓани. Држава која ги почитува различностите и која ги штити државните симболи, редот и мирот. Држава која не дозволува поделби, конфликти и провокации.
Истовремено, ова е можност да покажеме дека сме обединети во заложбата за стабилност и безбедност. Нашите граѓани треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици. Само така ќе ја зацврстиме довербата на граѓаните и ќе испратиме порака дека сме способни да ги зачуваме мирот и стабилноста.

Сите сме свесни за значењето на меѓуетничките односи во нашата држава. Затоа, од тука апелирам до сите граѓани да останат смирени и воздржани. Почитувањето на различностите и дијалогот се темелите на нашето заедничко општество. Ова се вредности кои нè обединуваат, а не раздвојуваат. Вредности кои треба да ги негуваме и да ги чуваме како најголемо богатство.

Во овој дух, го упатуваме нашиот повик до сите лидери на политичките партии да одговорат позитивно и да се приклучат на оваа иницијатива. Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме. Ова не е време за поделби. Заедно сме посилни и само така можеме да се справиме со сите предизвици кои ни стојат на патот.

Прочитајте повеќе

Дамева

Тубуленции во Судскиот совет: Дамева поднесе оставка

На прес-конференција во Скопје, Весна Дамева посочи дека нема слух за подобрување на состојбите во …