СДСМ

СДСМ: Со проектот „Учи паметно, работи стручно“ ја потврдуваме грижата за младите и инвестираме во иднината на македонската економија

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование наесен ја стартуваат имплементацијата на образовниот процес „Учи паметно, работи стручно“ преку кој учениците се стекнуваат со пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието, а компаниите добиваат стручно оспособен кадар кој на дадените работни задачи ќе одговори на стручен начин.

Со конкурсот за упис во средните училишта 2021/2021 во соработка на Министерството за образование и наука и низа компании, на младите им се дава можност за брз и успешен настап на пазарот на трудот. Понатаму, младите добиваат солидна основа за понатамошното образовно надградување, гаранција за добра заработка, конкурентност и финансиско осамостојување кое ќе ја намали младинската невработеност, а пак компаниите добиваат веднаш вработливи кадри.

Благодарение на процесот „Учи паметно, работи стручно“, стручните паралелки се зголемуваат од 61,66% во учебна 2020-2021, на 65,22% за учебна 2021-2022, односно 19.602 ученички места во 604 паралелки и 1190 ученички места во 35 паралелки.

На 1.500 ученици во дуални паралелки Владата и МОН обезбедуваат месечен надоместок од 3.500 денари за 9 месеци во година, 500 ученици во тригодишно стручно образование да добијат 3.500 денари месечно и 200 ученици од прва година кои реализираат наставни програми од електротехничка, градежно-геодетска, угостителско-туристичка, земјоделско-ветеринрна, машинска или текстилно-кожарска струка добиваат месечен износ од 2200 денари.

„Учи паметно, работи стручно“ дополнително ја продлабочува соработката помеѓу компаниите и средните стручни училишта, но и помага во дефинирање на нови стручни профили за потребите на пазарот на трудот.

СДСМ како одговорна партија континуирано работи на подобрување на младинскиот стандард и непрекинато креира и реализира мерки кои обезбедуваат реални можности за младите, за нивното образование и кариерен развој со цел младите да останат во својата татковина и тука да ја градат иднината.

Продолжуваме со вистинска грижа за младите, затоа што тие се иднината на нашето општество, тие се иднината на нашата држава.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …