Сдсм знаме

СДСМ: Со Законот за наставници и стручни соработници обезбедуваме правна и економска сигурност за над 4.700 наставници и стручни соработници

Соопштение за јавност на СДСМ

Измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, како и Законот за Бирото за развој на образованието се влезени во собраниска процедура.

Овие измени значат реализација на важни ветувања дадени пред граѓаните и обезбедување на правна и економска сигурност за наставниот кадар во основните и средните училишта.

Наставниците и стручните соработници отсега директно ќе се вработуваат на неопределено време доколку ги исполнат законски предвидените услови, односно со новиот закон им се трансформира работниот однос на наставниците и стручните соработници кои до моментот на стапување на сила се ангажирани на определено време, ако за тоа ги исполнуваат условите.

Преку измената би се отфатиле 1.464 наставници и стручни соработници кои во моментот се ангажирани на определено работно време до 2 години, како и 3.326 наставници ангажирани на определено работно време над 2 години на кои не им е трансформиран работниот однос.

Законските измени освен што обезбедуваат правна и економска сигурност на наставничкиот кадар преку засновање на работниот однос на неопределено време, ќе доведат до подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализација на наставата и ќе овозможат професионален развој на наставниците и стручните соработници.

Како и секогаш кога во Собранието се наоѓа важен закон за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ја активира погубната стратегија на кочење и блокирање на законите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште на комисиска расправа го блокираат овој закон кој е во интерес на наставниците, но и на учениците и нивните родители.

ВМРО-ДПМНЕ е против правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници, се противи на обезбедување на континуитет во реализација на наставниот процес.

И покрај овие блокади, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги искористи сите механизми овие измени да бидат донесени, со што ќе ги исправиме неправдите кон одредени наставници и стручни соработници кои немаа еднаков статус со нивните колеги.

Како одговорна партија продолжуваме со грижата за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …