СДСМ: Сомнителен молк на Мицкоски, има ли негова поврзаност со фирмата на Груевски?

Соопштение за јавност на СДСМ

Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“.

Нашите граѓани многу добро ги знаат причините поради оваа постапка, тоа е вмешаноста на Никола Груевски во криминал и корупција од невидени размери.

Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.

Сето ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители. Се противеа на Законот за јавно обвинителство, го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.

Оттука е и сомнителниот молк на Мицкоски.

Тој ниеднаш не се извини за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, ниту пак побара одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.

Целата јавност знае дека Христијан Мицкоски бил советник на Груевски, а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ во време кога се правени сите овие криминали.

Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори која е поврзаноста со унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?

Што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто молчи со години?

Дали стравува дека и тој може да се најде на црната листа?

Прочитајте повеќе

Средба Ковачевски-Величковски: СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка

Денеска во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски потпиша меморандум …