СДСМ: Стратегија без култура, само алиби за неспособноста на власта

СДСМ: Стратегија без култура, само алиби за неспособноста на власта

Соопштение за јавност на Комисијата за култура на СДСМ

Министерот Зоран Љутков се пофали со нацрт-Стратегија за развој на културата 2026–2030. На хартија, големи зборови, а во реалноста, културата во Македонија никогаш не била во полоша состојба.

Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прво го урна системот во културата, а сега се обидува со стратегија да ја прикрие сопствената неспособност.

Фактите се јасни:

  • Буџетот за култура се намалува и е меѓу најниските во последните години;
  • Националните институции се оставени без стабилно финансирање и без развојни програми;
  • Културното наследство е запоставено и изложено на ризик;
  • Уметниците и културните работници се доведени во понижувачка позиција.

Наместо реални политики, власта нуди бирократски документ со општи формулации, без конкретни механизми, без финансиска рамка и без јасна визија.

Да потсетиме: токму Владата предводена од СДСМ во изминатите години ја донесе првата современа стратегија за култура, го отвори секторот кон европските програми, го зголеми буџетот за култура и започна сериозни процеси на заштита на културното наследство.

Денес гледаме обратен процес, централизирање на одлуките, партизација на институциите и целосна стагнација на културниот систем.

Културата не се развива со PR-соопштенија и протоколарни седници. Културата се развива со визија, инвестиции и почит кон уметниците и културните работници.

Затоа оваа „стратегија“ повеќе личи на документ за политички маркетинг отколку на сериозна државна политика.

СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни решенија:

  • стабилен и транспарентен буџет за култура,
  • фонд за заштита на културното наследство,
  • рамномерен културен развој низ државата,
  • достојни услови за работа на уметниците.

Културата не смее да биде жртва на неспособноста на оваа власт.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела …