СДСМ

СДСМ: Судијата Пајазити е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Соопштение за јавност на СДСМ

Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор.

Што се однесува до судијата Пајазити, за кој со денови ВМРО-ДПМНЕ бара смена, според официјалните информации тој е избран токму за време на владеењето на славната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според официјалните информации, Пајазити е избран за судија на 02.01.2013 година.

Наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, ВМРО-ДПМНЕ во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата министер за внатрешни работи, затоа што одговорноста за бегството е негова. Во најкус рок бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега без да биде соодветно обезбеден. Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае.

Прочитајте повеќе

Лукаревска

Лукаревска : ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше пред изборите, сосема друго прави кога се на власт

Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се намали просечната плата на граѓаните, а видовме и некој …